• понеделник, 23 декември 2024

Данецот Хенриксен нов тренер на Мајнц

Данецот Хенриксен нов тренер на Мајнц

 

Мајнц 13 февруари 2024 (МИА) – Данскиот стратег Бо Хенриксен е нов тренер на бундеслигашот Мајнц, објави денеска клубот од германската сојузна покраина Порајнје-Фалачка.

Четириесетидеветгодишниот Данец досега го тренираше швајцарски Цирих, а со Мајнц потпиша договор до крајот на сезоната 2025/26.

Хенриксен седнува на клупата на Мајнц на местото на Јан Сиверт, кој го предводеше клубот од 3 ноември.

Ова е трета тренерска смена во Мајнц оваа сезона, откако клубот, кој во моментов е претпоследен на табелата, од јануари 2021 до ноември 2023 беше предводен од сонародникот на Хенриксен, Бо Свенсон.

Мајнц нема победа во Бундеслигата од 4 ноември лани кога триумфираше над Лајпциг со 2-0, запишувајќи оттогаш шест ремија и пет порази. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан