• недела, 22 декември 2024

Дамаск: Смртта на лидерот на Хамас може да го „запали целиот регион“

Дамаск: Смртта на лидерот на Хамас може да го „запали целиот регион“

Дамаск, 31 јули 2024 (МИА) - Смртта на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, убиен претходно денеска во Техеран, може да го „запали целиот регион“, соопшти сириското Министерство за надворешни работи, обвинувајќи го Израел за убиството во воздушниот напад.

-Сирија ја осудува оваа флагрантна ционистичка агресија и ова сериозно посегнување на суверенитетот на Исламската Република Иран, нагласи Дамаск.

Вооруженото крило на Хамас, бригадите Изедин ал-Касам, исто така денеска изјави дека убиството на Ханија „ќе ја однесе борбата во нови димензии“ и ќе има страшни последици за целиот регион.

Корпусот на гардата на Исламската револуција денеска објави дека убиството на Ханија „ќе добие цврст и болен одговор“.

-Иран и фронтот на отпорот ќе одговорат на ова злосторство, се нагласува во соопштението на корпусот.

Иран денеска прогласи тридневна национална жалост поради смртта на Ханија. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан