• недела, 22 декември 2024

Дали САД и Русија можат да најдат дипломатски излез од ситуацијата во Украина?

Дали САД и Русија можат да најдат дипломатски излез од ситуацијата во Украина?
22 јануари АФП Соединетите Американски Држави повикаа на дипломатско решение со Русија за решавање на кризата во Украина, но барем јавно двете сили остануваат во длабок конфликт. Државниот секретар Ентони Блинкен се сретна вчера во Женева со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, додека десетици илјади руски војници остануваат стационирани на границите на Украина. Блинкен, кој беше во посета на Киев во средата, ја повика Москва да избере „мирен пат“ пред Украина, а американски официјален претставник рече дека „дипломатските патишта“ со Русија ќе бидат истражени на разговорите во Женева. Сепак, Москва претстави невообичаено детални безбедносни предлози, на кои Блинкен рече дека нема да одговори формално, надевајќи се наместо тоа да ги истражи областите на соработка. Патот до контрола на оружјето? Администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека е подготвена да постигне напредок во односите со Русија со преземање контрола на оружјето или со согласност за поголема транспарентност во воените вежби. Во првичните разговори минатата недела во Женева, заменичката на Блинкен, Венди Шерман, предложи суштинско враќање на договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), договор од Студената војна со кој се ограничуваат ракетите во Европа. Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп се повлече од договорот, обвинувајќи ја Москва за прекршување. Блинкен изјави во Киев дека има „области каде, очигледно, доколку постои желба, би можеле да напредуваме на реципрочна основа за да ја подобриме безбедноста за сите“. Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој се состана со Шерман, беше задоволен што Вашингтон разговара за договорот, но изрази жалење што дискусијата е поврзана со Украина. „Запирање“ на НАТО Рјабков, кој зборуваше пред клубот за дискусија „Валдаи“, рече дека Русија сака правно обврзувачки гаранции дека НАТО нема да се прошири за да ја вклучи Украина, поранешна советска република која од 2014 година е исправена пред крвав проруски бунт. Тој повика на формална замена на Букурешката декларација на Алијансата од 2008 година, која го отвори патот за евентуален пристап на Украина, како и на Грузија. „Гледаме закана од Украина, која се повеќе се интегрира во НАТО, дури и без да биде официјална членка на организацијата. Тоа е во центарот на безбедносните интереси на Русија“, рече тој. Блинкен го нарече „несериозно“ затворањето на вратата за проширувањето на НАТО, велејќи дека „една земја не може едноставно да го диктира својот избор на друга“. Бил Тејлор, поранешен американски амбасадор во Украина, изрази сомневање дека постои начин да се премости јазот со НАТО. Администрацијата на Бајден „не попушти, и покрај сиот притисок и искушенија, и мислам дека нема да попушти“, рече Тејлор, кој сега работи во Американскиот институт за мир. „Ова би значело дека Украина нема да се третира како суверена држава“, изјави тој за АФП. Но, според него, Договорот за ракети со краток дострел (ИНФ) нуди пат напред сè додека Путин се воздржува од инвазија. „Ако тој навистина сака да зборува за неговите безбедносни грижи, и САД и НАТО рекоа дека се подготвени за тоа. Нов начин?               И покрај изјавите на САД, малкумина очекуваат Украина или Грузија да се приклучат на НАТО во скоро време, а Европјаните особено не сакаат да се заложат за заштита на државите кои веќе се во конфликт со Русија. Во една неодамнешна статија, Томас Греам, висок функционер кај поранешниот претседател Џорџ В. Буш и академик Раџан Менон, предлагаат официјален мораториум на пристапувањето на Украина или друга поранешна советска република за период од 20 до 25 години. Тие во „Политико“ напишаа дека за таков договор ќе треба „многу имагинација и вешто ракување со зборовите“ и дека ќе наиде на голем отпор. Но, „Москва може да го прифати овој компромис бидејќи знае дека НАТО никогаш нема да се согласи на целосна забрана“, напишаа тие. Стивен Пајфер од Институтот Брукингс забележува дека секоја промена во политиката на отворени врати повторно ќе бара консензус, односно сите 30 членки на НАТО ќе треба да се договорат со Русија. Но, „една средна позиција“ „не сега, но не и никогаш“ може да понуди начин да се исклучи овој проблем, односно ако Москва сака да ја олесни ситуацијата“. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан