Далас не планира да го замени Кортни Ли
- Далас не планира да го замени својот играч Кортни Ли, кој доби сериозна повреда на ногата и ќе го пропушти рестартот на сезоната во НБА лигата поради операција.

Далас, 23 јуни 2020 (МИА) - Далас не планира да го замени својот играч Кортни Ли, кој доби сериозна повреда на ногата и ќе го пропушти рестартот на сезоната во НБА лигата поради операција.
Маверикс сакаат Ли да биде со екипата во Орландо и сметаат дека да се има искусен играч во соблекувалната е многу важно за тимот.
Доколку Ли остане во составот, Далас нема да може да се стекне со нов кошаркар за време на трансфер прозорецот. зс/