Даер го обнови договорот со Тотенхем
- Фудбалерот од средниот ред Ерик Даер го продолжи договорот со Тотенхем, пренесува прес-службата на „Спарс“.

Лондон, 21 јули 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Ерик Даер го продолжи договорот со Тотенхем, пренесува прес-службата на „Спарс“.
Во изјавата на официјалната веб-страница на лондонскиот клуб, се вели дека новиот договор со 26-годишниот Англичанец се пресметува до крајот на јуни 2024 година.
Во сезоната 2019/20, Даер одигра 29 натпревари за Тотенхем и има две асистенции. зс/