Дабл-дабл на Харден за прва победа на Филаделфија во новата сезона
- Филаделфија ја совлада Индијана со 120:106 ноќеска во натпреварот одигран во „Велс Фарго Центар“ пред 20 илјади гледачи. Предводник во триумфот на домаќините беше Џејмс Харден со 29 поени и 1

Филаделфија, 25 октомври 2022 (МИА) - Филаделфија ја совлада Индијана со 120:106 ноќеска во натпреварот одигран во „Велс Фарго Центар“ пред 20 илјади гледачи. Предводник во триумфот на домаќините беше Џејмс Харден со 29 поени и 11 асистенции.
Ова беше прва победа за Сиксерси во новата НБА-сезона која ја почнаа со три порази по ред.
Резултати на другите натпревари одиграни ноќта понеделник кон вторник:
Мајами – Торонто 90:98
Њујорк – Орландо 115:102
Чикаго – Бостон 120:102
Хјустон – Јута 114:108
Мемфис – Бруклин 134:124
Минесота – Сан Антонио 106:115
Портланд – Денвер 135:110. зс/