Дабл-дабл на Адетокунбо во поразот на Грција од Шпанија
- НБА ѕвездата Јанис Адетокунбо не и помогна на Грција да го избегне поразот од Шпанија во второто коло на Олимпијадата во Париз.

Париз, 30 јули 2024 (МИА) – НБА ѕвездата Јанис Адетокунбо не и помогна на Грција да го избегне поразот од Шпанија во второто коло на Олимпијадата во Париз.
Адетокунбо средбата ја заврши со 27 поени и 11 скока.
Шпанија победи со 84:77 и значително си ги зголеми шансите за четвртфинале.
Од друга страна, Грците го претрпеа вториот пораз и шанса за останување на Олимпијадата по групната фаза ќе бараат со убедлива победа во третото коло од А-групата, против Австралија. зс/