Дабл-дабл на Адетокунбо во победата на Грција над Италија
- Во дербито на третиот натпреварувачки ден на Евробаскет 2022, Грција синоќа во Милано ја совлада Италија со 85:81.
Милано, 4 септември 2022 (МИА) - Во дербито на третиот натпреварувачки ден на Евробаскет 2022, Грција синоќа во Милано ја совлада Италија со 85:81.
Ова беше натпревар од 2. коло во Ц-групата кој го одбележа Јанис Адетокунбо со двоен ефект – 25 поени и 11 скокови. Во поразенито тим с еистакна Симоне Фонтекио со 26 поени.
Резултати на саботните средби (2. коло) на ЕП во кошарка:
Црна Гора – Белгија 76:70
Финска – Полска 89:59
Велика Британија – Хрватска 65:86
Германија – Босна и Херцеговина 92:82
Бугарија – Турција 87:101
Естонија – Украина 73:74
Чешка – Србија 68:81
Литванија – Франција 73:77
Грузија – Шпанија 64:90
Унгарија – Словенија 88:103
Грција – Италија 85:81
Холандија – Израел 67:74.
По две победи и без пораз досега имаат: Шпанија и Турција (А-група), Германија и Словенија (Б-група), Украина и Грција (Ц-група), Србија и Израел (Д-група). зс/