• недела, 22 декември 2024

Г-7 и ЕУ со остра осуда до Северна Кореја за лансирањето на сателит со ракетна балистичка технологија

Г-7 и ЕУ со остра осуда до Северна Кореја за лансирањето на сателит со ракетна балистичка технологија

Вашингтон, 22 ноември 2023 (МИА) Министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД, како и високиот претставник на ЕУ, најостро го осудија лансирањето на Северна Кореја во кое се употреби балистичка ракетна технологија. 

Г-7 и ЕУ испратија и остра осуда за трансферот на оружје од Северна Кореја до Русија, што е директно нарушување на релевтните резолуции на СБ на ОН. 

Во заедничката изјава денеска се вели дека „оваа акција претставува голема закана за стабилноста на регионот и пошироко“. 

-Секое лансирање со употреба на балистичка ракетна технологија, дури и ако е окарактеризирано како сателит за воено разузнавање, претставува јасно и флагратно кршење на постоечките резолуции на Советот за безбедност на ОН. 

Министрите за надворешни работи предупредуваат дека Северна Кореја продолжува со ширење на своите незакосни нуклеарни и балистички потенцијали и ескалира со своите дестабилизирачки активости. 

-Уште еднаш повикуваме на целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров и бараме Северна Кореја да го напушти своето нуклеарно оружје, постоечките нуклеарни програми како и секое други оружје за масовно уништување... целосно, верификувано и тоа да биде неповратен процес, а соодветно сите релеватни резолуции на СБ на ОН, се вели во заедничката изјава. 

Министрите истакнуваат дека Северна Кореја не може и никогаш нема да добие статус на држава со нуклеарно оружје според Договорот за неширење на никлеарното оружје. 

Г-7 исто така испратија остра осуда за трансферот на оружје од Северна Кореја до Русија, што е директно нарушување на релевтните резолуции на СБ на ОН. 

-Ги повикиваме двете земји да ги почитуваат овие резолуции и веднаш да запрат со сите такви активности. Посебно сме загрижени за каков и да било трансфер на нуклеарна или ракетна технологија (од Русија) до Северна Кореја, што и понатаму би било закана за мирот и стабилноста на регионот како и насекаде низ светот. 

Од Г-7 и ЕУ го осудуваат и нарушувањето на човековите права во оваа земја и насилствата „каде наместо ресурсите да се трошат за благосостојбата на луѓето, тие се користат за производство на оружје за масовно уништување“. Ја повикаа Северна Кореја да избере дипломатија и да ги прифати повторените понуди од Јапонија, САД и Република Кореја без никакви предуслови. кб/ 

Остани поврзан