• петок, 22 ноември 2024

Гутереш ја осуди израелската операција во Џенин

Гутереш ја осуди израелската операција во Џенин

Њујорк, 7 јули 2023 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди неодамнешната израелска воена операција на Западниот Брег, јави ДПА.

-Израелските воздушни напади и копнените операции во преполниот бегалски камп беа најголемото насилство на Западниот Брег во последните години, со значителни цивилни последици, рече Гутереш во изјавата за операцијата во  палестинскиот град Џенин и блискиот бегалски камп.

Во акцијата на изрелеските војници беа повредени повеќе од 100 лица, а илјадници други беа принудени да избегаат од домовите, додаде Гутереш.

-Повторно го повикувам Израел да се придржува до своите обврски од меѓународното право. Употребата на воздушни напади е некомпатибилна со спроведувањето на операциите за примена на законот, наведе генералниот секретар на ОН.

„Ги разбирам легитимните безбедносни грижи на Израел. Но, ескалацијата не е решение“, додаде Гутереш во изјавата.

Израелската армија пред два дена ја заврши најголемата операција на Западниот Брег во последните 20 години. По воздушните напади, илјадници војници влегоа во градот за да ја уништат „терористичката инфраструктура“ во него.

Тие се вклучија во жестоки престрелки со вооружени Палестинци. За време на операцијата загинаа најмалку 12 Палестинци и еден израелски војник. Според израелската армија, сите загинати Палестинци биле борци, а Џенин е центар на палестинските милиции. сд/

Фото:ЕПА

Остани поврзан