Гутереш ја осуди „ескалацијата“ на Блискиот Исток, повика на итен прекин на непријателствата
- Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди ескалацијата на непријателствата ширум Блискиот Исток и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право.
Њујорк, 28 февруари 2026 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди ескалацијата на непријателствата ширум Блискиот Исток и ги повика сите земји-членки да ги почитуваат своите обврски според меѓународното право.
- Повикувам на итен прекин на непријателствата и деескалација. Неуспехот да се стори тоа носи ризик од поширок регионален конфликт со тешки последици за цивилите и регионалната стабилност. Силно ги охрабрувам сите страни веднаш да се вратат на преговарачката маса – рече тој.
- Повторувам дека не постои одржлива алтернатива на мирното решавање на меѓународните спорови, во целосна согласност со меѓународното право, вклучително и Повелбата на ОН – нагласи Гутереш. јт/