• недела, 22 декември 2024

Гутереш ја назначи поранешната австралиска министерка за надворешни работи, Бишоп за своја нова специјална пратеничка за Мјанмар

Гутереш ја назначи поранешната австралиска министерка за надворешни работи, Бишоп за своја нова специјална пратеничка за Мјанмар

Њујорк, 5 април 2024 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска ја назначи поранешната австралиска министерка за надворешни работи Џули Бишоп за своја нова специјална пратеничка за Мјанмар.

Таа позиција беше празна 10 месеци, а во меѓувреме во таа земја се разгоре најкрвавото насилство од воениот удар во 2021 година.

Бишоп ќе ја замени Нолин Хајзер, поранешната потсекретарка на ОН за Сингапур, чиј договор истече во јуни 2023 година по 20 месеци на функцијата.

Пред да замине, Хајзер во извештајот до Генералното собрание на ОН наведе дека воениот удар во Мјанмар оставил „разорни“ последици и дека насилството продолжува „во алармантни размери“.

Војната во Мјанмар започна откако војската на оваа азиска земја ја собори избраната влада на тогашната премиерка Аунг Сан Су Чи во февруари 2021 година и почна да ги потиснува големите насилни протести на кои се бараше враќање на демократскиот систем на владеење. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан