Гутереш шокиран од новите смртоносни израелски напади врз Газа
- „Гутереш испрати итен апел за почитување на прекинот на огнот, повторно воспоставување на хуманитарната помош и безусловно ослободување на преостанатите заложници, изјави портпаролот Роландо Гомес.

Женева, 18 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш е „шокиран од израелските напади“ врз Појасот Газа, изјави денеска портпаролот на ОН.
„Гутереш испрати итен апел за почитување на прекинот на огнот, повторно воспоставување на хуманитарната помош и безусловно ослободување на преостанатите заложници, изјави портпаролот Роландо Гомес.
Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк рече дека е ужаснат од континуираното израелско бомбардирање и повика на „итно прекинување на кошмарот“.
„Единствениот пат напред е политичко решение, во согласност со меѓународното право“, рече Турк.
Министерството за здравство на Хамас објави дека повеќе од 400 луѓе, главно палестински деца и жени, биле убиени во текот на ноќта во израелските напади врз Појасот Газа.сд/
фото:МИА архива