• недела, 22 декември 2024

Гутереш пристигна во Казан на самитот на БРИКС во Русија, утре средба со Путин

Гутереш пристигна во Казан на самитот на БРИКС во Русија, утре средба со Путин

Москва, 23 октомври 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш утрово пристигна во Казан, Русија, за да учествува на самитот на БРИКС, објавија локалните власти на Телеграм.

Тој беше пречекан од шефот на Парламентот на Руската Република Татарстан, Фарид Мухамечин.

Генералниот секретар на ОН ќе се сретне со „голем број лидери кои учествуваат на самитот“, соопштија од ОН.

Кремљ најави дека Гутереш утре ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, прва ваква средба одржана на руска територија од април 2022 година. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан