• петок, 05 декември 2025

Гутереш: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот

Гутереш: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува опасен пресврт во регионот

Њујорк, 23 јуни 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера изјави дека нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки означува „опасен пресврт во регионот кој веќе ја изгуби својата рамнотежа“.

-Пред два дена, од истото ова место, упатив директен апел - дајте му шанса на мирот. Тој апел не беше послушан, рече Гутереш на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, објави Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека, наместо тоа, САД ги бомбардираа иранските нуклеарни постројки.

Гутереш потсети дека постојано осудувал каква било воена ескалација на Блискиот Исток, додавајќи дека луѓето во регионот не можат да поднесат уште еден циклус на уништување.

-Па сепак, сега ризикуваме да паднеме во уште една стаорска стапица на одмазда и освета, рече генералниот секретар на Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН вчера одржа итан седница на барање на Иран, откако САД извршија напади врз три ирански нуклеарни постројки.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан