• недела, 22 декември 2024

Гутереш го осуди терористичкиот напад во Москва

Гутереш го осуди терористичкиот напад во Москва

Њујорк, 22 март 2024 (МИА) – Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш остро го осудува терористичкиот напад во Крокус Сити Хол и изразува сочувство до народот и владата на Русија, се вели во соопштение на заменик портпаролот на генералниот секретар, Фархан Хак.

- Генералниот секретар најостро го осудува денешниот терористички напад во концертна сала во Москва, во кој, според извештаите, загинаа најмалку 40 луѓе, а повеќе од 100 беа повредени, се вели во соопштението кое го пренесуваат руски медиуми.

- Генералниот секретар го изразува своето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите, народот и владата на Руската Федерација. На жртвите им посакува брзо закрепнување, стои во текстот. јт/

Остани поврзан