• вторник, 19 ноември 2024

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот

Њујорк, 20 септември 2023 (МИА) – Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Тој ова го кажа во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на конфликтот.

Од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина пред 19 месеци, Советот за безбедност се состана десетици пати за ова прашање. Но, тој не може да преземе никаква вистинска акција бидејќи Русија има право на вето. јт/

Фото: СБ на ОН

Остани поврзан