Гувернерот на Оклахома позитивен на Ковид-19
- Гувернерот на американската сојузна држава Оклахома, Кевин Стит изјави дека е позитивен на новиот коронавирус.
Оклахома Сити, 16 јули 2020 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Оклахома, Кевин Стит изјави дека е позитивен на новиот коронавирус.
Тој е прв лидер на една американска држава, за кој се знае дека е заразен со Ковид-19.
- Се чувствувам добро. Малку сум истоштен, немам температура, објасни гувернерот, додавајќи дека се наоѓа во самоизолација, одвоен од семејството и планира да продолжи да работи од дома.
Стит ги повика граѓаните на Оклахома да се тестираат доколку почувствуваат какви било симптоми. гт/