• четврток, 19 декември 2024

Гувернерот на областа Курск прогласи вонредна состојба

Гувернерот на областа Курск прогласи вонредна состојба

Москва, 7 август 2024 (МИА) - Во руската област Курск е воведена вонредна состојба, објави на Телеграм нејзиниот регионален гувернер Алексеј Смирнов, пренесоа француските медиуми.

Курската област се граничи со Украина и од вчера таму има влез на украинска војска.

-Оперативната ситуација и понатаму е тешка во пограничните области. За да ги елиминирам последиците од влегувањето на непријателските сили, решив да прогласам вонредна состојба, напиша Смирнов на Телеграм. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан