• четврток, 05 декември 2024

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека е разочаан од одлуката на Бајден да го помилува синот Хантер

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, изјави дека е разочаан од одлуката на Бајден да го помилува синот Хантер

Вашингтон, 4 декември 2024 (МИА) Гавин Њусом, демократскиот гувернер на Калифорнија, изјави дека е разочаран од одлуката на претседателот на САД, Џо Бајден, да го помилува неговиот син, Хантер Бајден, јави „Политико“.
 
Тој е еден од најистакнатите демократи кој ја критикуваше одлуката на Бајден. Од друга страна, оваа одлука му дава одлично алиби на новоизбраноит претседател Доналд Трамп да го користи правниот систем на САД во своја политича полза, откако за неколку недели ќе стапи на должноста.
 
-После сè што претседателот и неговото семејство го поминале, целосно го разбирам инстинктот да го заштити Хантер, излави Њусом.
 
-Но јас го држев претседателот за збор. Така што, по дефиниција, сум разочаран и не можам да ја поддржам одлуката, додаде тој.
 
Одлуката, секако е во прилог на Трамп, кој исто така посегна по низа помилувања кога му заврши мандатот. По решението на Бајден доенсено во неделата, тој веднаш се повика на лицата „заложници“ од судењата за 6 јануари.
 
-Дали Бајден ќе ги помилува и нив, изјави Трамп.
 
Иако случајот со Хантер Бајден не може да се спореди како со овие така и со случајот со пресудата против Трамп за потплаќање на порно актерка да молчи за неговата врска со неа, одлуката на Бајден му дава право на Трамп да направи каша-попара од американскиот правен систем, пишува „Би-Би-Си“
 
Затоа, некои демократски конгресмени денеска побараа преиспитување на законот за помилување, односно да му се одземе моќта на претседателот да ослободува од судски прогон кога нему ќе му се посака. кб/ссм/

Остани поврзан