• недела, 22 декември 2024

Гувернерката и вицегувернерката на средба со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Гувернерката и вицегувернерката на средба со Одделот за статистика на ММФ: Народната банка бележи континуиран прогрес во областа на статистиката

Скопје, 27 октомври 2024

Народната банка дисеминира статистички податоци според највисокиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд, беше посочено на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Емилија Нацевска и  директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржан во рамките на Годишните средби на ММФ и Светската банка, во Вашингтон, САД. Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција од страна на Народната банка е од витално значење за обезбедување на макроекономската стабилност, водењето на монетарната политика, и носењето квалитетни одлуки од страна на носителите на економските политики.

Во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, Народната банка редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развивање и унапредување на одделните статистички домени. Така, од октомври минатата година, Народната банка започна да ги објавува неконсолидираните кварталните финансиски сметки, состојби, а од крајот на месецов ќе почнат да се објавуваат и податоци на консолидирана основа. Во тек се подготвителни активности за податоците за финансиските текови, кои ќе почнат да се објавуваат од 2025 година.

Во делот на екстерните статистики, во тек се два проекта за електронско известување за натамошно олеснување на процесот на доставување податоци до Народната банка. Kaj монетарната статистика, се продолжува со активностите од проектот за интегриран систем на прибирање на податоци од банките и штедилниците, за статистички и супервизорски цели.

Годинава за првпат беше објавен и Прегледот на „зелените“ показатели, чија цел е да се подобри достапноста на овие податоци, што е од клучно значење за анализите поврзани со климата и креирањето политики, како и да придонесе за подобро следење на одржливоста на финансискиот систем и економијата и да помогне подобро да се следат трендовите на „зелените“ пазари на капитал. Народната банка постојано применува и практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци, беше посочено на состанокот.

Народна банка

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан