• четврток, 21 ноември 2024

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција во Хрватска организирана од ХНБ и ММФ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција во Хрватска организирана од ХНБ и ММФ

Скопје, 3 јуни 2023 (МИА) - Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција организирана од Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што се одржува во Дубровник, Хрватска.

Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа и високи претставници на меѓународни финансиски организации. Годинава на конференцијата учествува и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Ангелвска-Бежоска, како што соопшти Народната банка, учествува во дискусиите на тркалезната маса со кои претседава Георгиева, а коишто се посветени на предизвиците на економиите во регионот во услови на сѐ поприсутна геополитичка фрагментација и на постигнувањето енергетска стабилност за економиите. Притоа, ќе се разговара и за поддршката на Фондот за земјите членки коишто се соочија со неколку последователни кризи во светски рамки.

Во рамки на дводневната конференција се разгледаат повеќе значајни теми поврзани со тековните предизвици, како што се обезбедувањето енергетска сигурност за време на зелената транзиција, приспособувањето кон промените во меѓународната трговија и синџирите на снабдување, како и водењето на макроекономските политики во време на константни шокови на страна на понудата. бак/

Фото: Народна банка 

Остани поврзан