• вторник, 14 јануари 2025

Грчко МНР до Бахчели: Прашањата за суверенитетот се вон дискусија, а ревизионистичките перцепции целосно се отфрлаат

Грчко МНР до Бахчели: Прашањата за суверенитетот се вон дискусија, а ревизионистичките перцепции целосно се отфрлаат

Атина, 14 јануари 2025 (МИА) – За одржување на мирот потребна е мудрост и одговорност, а не непријателски изјави. Прашањата за суверенитетот се вон дискусија, а ревизионистичките перцепции целосно се отфрлаат, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во реакцијата за изјавите на турски функционер за статусот на групата острови Додеканези во Егејското море, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, лидерот на Партијата за националистичко движење (МХП) и коалициски партнер Девлет Бахчели, рекол дека Додеканезите „се узурпирани“, дека за Турција е сон да живее без оваа група острови што се наоѓаат во југоисточниот дел на Егејското море и дека Атина треба да внимава на своите постапки.

Од Министерството за надворешни работи на Грција во соопштението посочија дека „статусот на Додеканезите е регулиран со меѓународен договор, односно со Парискиот мировен договор од 1947 година“.

- Грција, како суверена држава, не се откажува од природното и законското право на одбрана, како што е предвидено со член 51 од Повелбата на Обединетите нации. Особено во моментот кога е под закана од војна (casus belli) во случај да го оствари правото што произлегува од нејзиниот суверенитет, како што е предвидено со меѓународното право, истакнаа од грчкото МНР. ср/рп/

Остани поврзан