• четврток, 19 декември 2024

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Атина, 9 април 2024 (МИА) – Потребата за доследно спроведување на Договорот од Преспа, но и ставот дека претставува не само обврска за земјата, туку и дека не може еднострано да се промени, ги истакнале грчки дипломатски извори, пренесува државната агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Дипломатските извори, ги коментирале сите актуелни прашања во грчката надворешна политика, односно следните чекори во односите со Турција, односите со Косово, но и со нашата земја.

Во однос на Северна Македонија, истите извори посочиле дека треба да има верно спроведување на Договорот од Преспа, додека пак за меморандумите што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, рекле дека ќе се ратификуваат доколку другата страна се придржува до сите чекори.

-Дипломатските извори посочија дека Грција одблиску ги следи политичките случувања, каде во мај треба да се одржат националните избори. Во врска со изјавите на лидерот на официјалната опозиција дека земјата нема да се нарекува „Северна Македонија“, се посочува дека „логиката на Договорот од Преспа претставува не само обврска за државата, туку и не може да се менува еднострано и преовладува над која било друга одредба“, пишува АНА-МПА.

За грчко-турските односи, истите извори брифирале дека на 22 април во Атина ќе се одржи нова рунда од разговорите за мерките за градење доверба, а четири дена подоцна во Истанбул двете делегации ќе разговараат за соработката, односно за т.н. позитивна агенда.

Во однос на прашањето со Косово, рекле дека „нема и нема намера да се промени ставот“ на Грција. ср/ац/

Остани поврзан