• понеделник, 23 декември 2024

Грчките Универзитети планираат да отворат факултети во странство

Грчките Универзитети планираат да отворат факултети во странство
Атина, 4 април 2022 (МИА) – Кипар, Албанија и Египет, во првата фаза ќе бидат земјите во кои грчките Универзитети се очекува да го направат првиот истражувачки чекор за основање нивни факултети во странство, а се разгледува слична иницијатива и за Северна Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според весникот веќе се започнати контакти со припадници на грчката заедница во трите земји, а важна улога ќе имаат и локалните православни цркви, додека пак факултетите во другите земји „ќе се формираат согласно условите под кои се формираат во Грција“. -Освен со Египет, Кипар и Албанија, разговори за создавање на академски програми водат и грчките Универзитети со Кина, додека се истражуваат изгледите за соодветен проект во Северна Македонија, пишува „Катимерини“. Универзитетот од западна Атика веќе започнал разговори за отворање факултети на Кипар и во Египет, додека за Албанија, Универзитетот од Јанина ја разгледува можноста за отворање катедра за грчки јазик, култура, и за информатика. ср/

Остани поврзан