• среда, 27 ноември 2024

Грција не е задоволна од предлогот за плафон 275 евра за мегават час на цената за природен гас

Грција не е задоволна од предлогот за плафон 275 евра за мегават час на цената за природен гас
Атина, 24 ноември 2022 (МИА) – Грција, како преку владиниот портпарол, така и преку министерот за животна средина и енергетика, го изрази незадоволството за предлогот плафонот на цената на природниот гас да изнесува 275 евра за мегават час, јави дописничката на МИА од Атина.  -Се разбира дека воопшто не сме задоволни од овој предлог, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи го предлогот и додаде дека тоа не може да се смета за ефикасна мерка за справување со енергетската криза. Истакна дека тие ќе бараат имплементација на нивниот предлог, прифатен од другите европски земји и посочи дека потребно е да постои „реална, итна и пред сè ефикасна интервенција од Европа, без да се губи повеќе време“. Министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас пред почетокот на состанокот на министрите за енергетика од ЕУ истакна дека „одредувањето на највисоката граница на цената на 275 евра за мегават часови реално, не е ограничување“. -Би сакале пореален механизам. Бидејќи дури и во текот на август, периодот кога страдавме од скокот на цената на природниот гас, овој корективен механизам немаше да се активира. Најголемиот проблем на Европа е што го купува најскапиот природен гас во светот. Затоа мора да реагираме што е можно поскоро, не можеме да продолжиме да губиме време, истакна Скрекас. ср/

Остани поврзан