• петок, 26 април 2024

Грција во 2023 година: Несреќи, пожари, поплави, но и втор четиригодишен мандат за Мицотакис 

Грција во 2023 година: Несреќи, пожари, поплави, но и втор четиригодишен мандат за Мицотакис 

Атина, 6 јануари 2024 (МИА) - Железничка несреќа со 57 загинати, потонат брод со бегалци и мигранти со 82 жртви и стотици исчезнати, катастрофални пожари и големи поплави што исто така одзедоа човечки животи, избори и втор мандат за Мицотакис, дебакл на СИРИЗА и оставка на Ципрас, се дел од најважните настани што ја одбележаа 2023 година во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Грција лани живееше една од најголемите железнички несреќи во изминатите 50 години, кога два воза, едниот товарен, другиот патнички, со околу 350 патници, околу десет минути, со голема брзина се движеле на иста шина, но не еден зад друг, туку еден кон друг, едниот кон Солун од Атина, другиот од Солун кон Атина, со резултат директниот судир да биде неизбежен и 57 лица да го загубат животот, а десетици да бидат повредени.

At least 32 people were killed when a freight train collided with a passenger train in central Greece on Tuesday night, according to the fire brigade, with people still believed to be trapped

Најголемиот број од патниците беа студенти, кои биле на продолжен викенд и се враќале или дома или во универзитетскиот кампус. 

Несреќата се случи на 28 февруари, кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи, а во текот на ноќта спасувачки екипи беа на терен, акција која траеше со денови. 

Меѓу првите три вагони, кои беа најпогодени беше и вагонот- ресторан, кој поради јачината на судирот се превртел врз други два вагони и се запалил, што дополнително ја отежна идентификацијата на загинатите. 

Полесно повредени беа оние од последните вагони, додека пак во првите три, ситуацијата со која се соочиле спасувачите била застрашувачка. 

Според надлежните главните причини за несреќата се човечка грешка на одговорниот на железничката станица во Лариса од каде што возот, по направената станица продолжи кон крајната дестинација – Солун, како и недостиг на дигитален систем за контрола и следење на возовите. 

За несреќата беше уапсен, а подоцна и притворен шефот на железничката станица во Лариса, а по трагедијата, во Атина и други грчки градови се одржаа низа масовни протести. 

Мирен протест пред грчкиот Парламент одржаа и на средината на декември семејствата и роднините на жртвите кои побара правда, одговори и да не се прикрие криминалот. 

Со куфери на кои беа поставени фотографии на загинатите, со свеќи и бели ружи, со солзи во очите, но и со низа прашања, роднините на жртвите во железничката несреќа кај месноста Темпи во Грци

Речиси четри месеци по железничката несреќа, на средината на јуни во близина на Пелопонез потона брод, во кој според процените и сведоштвата на преживеаните се превезувале над 700 бегаци и мигранти, спасени беа 104 лица, извлечени безживотните тела на 82 лица, а бројот на исчезнати и денеска останува официјално останува непознат.

Тешко лето со катастрофални пожари и поплави

Грција помина уште едно тешко лето со големи и катастрофални пожари во различни делови на земјата, со евакуирани илјадници жители, но и туристи, со оглед на тоа дека беа во екот на туристичката сезона и на туристички локации.

Гореа делови од Атика, Еврос, Родос, Пелопонез, Евија, централна Грција, животот го загубија 28 лица, а најмалку 75 беа повредени, додека пак процените се дека во периодот од средината на јули до крајот на август изгоре површина од 180.000 хектари.

Од средината до крајот на јули, Грција се соочи со екстремно високи температури, кои во одредени случаи беа и главните причини за пожарите.

На островот Родос, огнената стихија се прошири кон туристички места, при што беа спроведени масовни и превентивни евакуации по копно и вода.

На безбедни локации од хотелите беа пренесени над 19.000 лица, што според грчките власти беше најголемата акција во земјата за евакуација на жители и туристи.

Над 1.500 лица, меѓу кои поголемиот број туристи се евакуирани во акцијата на крајбрежната служба на Грција што е во тек во источниот дел на грчкиот остров Родос, поради големиот пожар што од

Кон крајот на авуст голем пожар ја зафати областа Еврос, активен беше над 15 дена, а изгореа над 96.8000 хектари и беше најголемиот пожар во Европската Унија од 2000 година. 

Пожарот беше во околината на Александруполи и во Националниот парк Дадиа. 

Меѓу жртвите од пожарите во Грција изминатото лето, беше група од 20 мигранти, кои животот го загубија во националниот парк Дадиа во областа Еврос, како и двајца пилоти од военото воздухопловсто, кои загинаа по пад на Канадерот со кој го гаснеа пожарот на островот Евија.

За справувањето со пожарите, Грција доби меѓународна поддршка и помош, 13 земји испратија пожарникари, противпожарни возила и авиони за справување со огнената стихија. 

Осумнаесет јагленосани тела се откриени во регионот на Еврос, северно од Александрополис, Грција, додека во регионот гори огромен шумски пожар.

По пожарите следеа и големи поплави во централниот дел на земјата, одредени села беа целосно под вода, а животот го загубија 17 лица.

Невремето „Даниел“, на почетокот на септември, буквално го поплави централниот дел на земјата, Грција беше поделена на два дела, со оглед на тоа дека под вода беше автопатот Солун- Атина во близина на Лариса и одреден период беше затворен за сообраќај. 

Жители и туристи беа заглавени поради водата што на некои места достигна и до над еден метар, по што властите спроведоа акции за евакуација, со хеликоптери, чамци, па дури и со булдожери и трактори. 

Ќе направиме сѐ што е човечки возможно. Ги разбирам и гневот и бесот. Јас никогаш не се скрив, секогаш сум тука кога е тешко, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на состанокот со градон

Противпожарната служба на Грција прими над 10.000 повици за помош, а беа спроведени над 4.600 спасување или пренесувања на лица на безбедни локации

Поплавите зад себе оставија огромна материјална штета, со целосно уништени домови и плодно земјиште, но и голема опасност за јавното здравје. 

Двојни парламентарни избори – убедлива победа на Мицотакис

Минатата година беше изборна година во Грција со двојни парлментарни и локални избори.

Парламентарните избори се одржаа два пати поради измените во изборниот законик спроведени на првите избри на 21 мај, а и во двата циклуси владејачката Нова демократија имаше целосна доминација со убедлива и лесна победа.

По првите избори, поради пропорционалниот систем беше укинат бонусот од 50 пратеници за партијата победник, па така ниту Нова демократија, ниту СИРИЗА, ниту ПАСОК кои ги добија мандатите, не успејаа да формираат Влада и по нешто повеќе од еден месец, се одржаа нови избори. 

Стабилна Влада, мирен изборен процес и поголема излезност од пред четири години, очекуваат Грците со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, но сепак не се оптимисти дека по денешните и

На вторите, на 25 јуни, кога беше вратен бонусот за првата партија, Нова демократија извојува убедлива победа со 40,56 отсто од гласовите, 22,73 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА, која освои 17,83 отсто, а ПАСОК беше на третата позиција со 11,86 отсто.

Лидерот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис доби втор четиригодишен мандат и лесно формираше еднопартиска Влада со мнозинство од 158 вкупно 300 пратеници во Парламентот.

По победата на изборите посочи дека Грција отвора ново историско поглавје на својот пат, планираните реформите ќе ги спроведат со брз ритам, и истакна дека тој „ќе биде премиер на сите Грци“. 


На изборите, осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто и да обезбедат место во Парламентот, а меѓу нив три партии за првпат добија пратенички места.

По распадот во СИРИЗА и заминувањето на 11 пратеници кои ја формираа новата пратеничка група, Нова левица, во грчкиот Парламент веќе има девет пратенички групи.

За разлика од доминацијат на парламентарните, на локалните избори во октомври, Нова демократија и не беш толку успешна, со оглед на тоа дека ги загуби Атина, Солун и пет периферии и покрај водството во првиот круг. 

СИРИЗА без Ципрас

Наспроти зајакнатата поддршка за Нова демократија и доминацијата на владејачката партија, најголемата опозицика партија СИРИЗА се соочи со катастрофални резултати, целосен дебакл, оставка на лидерот Алексис Ципрас и делумен распад, со заминување на неколку фракции.

По големиот пораз, поранешниот премиер и претседател на СИРИЗА по 15 години се повлече повлече од лидерската позиција.

Во СИРИЗА се одржаа внатрепартиски избори за нов претседател, со петмина кандидати, од кои четворица пратеници и поранешни министри од партијата, а во последен момент, кандидатура достави и Стефанос Каселакис, бизнисмен од САД, речиси непозат не само за грчката јавност, туку и за членовите на партијата.

Од позиција аутсајдер, Каселакис влезе во вториот круг заедно со поранешната министерка Ефи Ахциоглу, која се сметаше за фаворит и на 24 септември стана нови претседател на левичарската партија.

Не сум феномен, јас сум гласот на едно општество, кое го почитувам, го ценам и му благодарам и кажувам јасно: Никогаш нема да ве изневерам, порача меѓу другото новиот лидер на СИРИЗА Стефанос

Во Грција го нарекуваа „феноменот Каселакис“ , на јавноста и се претстави со видео на социјалните мрежи на 29 август кога ја објави неговата кандидатура за лидер на партијата, со зборовите „Се викам Стефанос и имам да ви кажам нешто“ и за помалку од еден месец стана претседател на најголемата грчка опозициска партија.

Доаѓањето на Каселакис на лидерската позиција, предизвика реакции во СИРИЗА, неколку фракции ја напуштија партијата, меѓу кои и 11 пратеници кои формираа своја пратеничка група, а најголемата опозициска партија остана со 36 пратеници, од 47 колку што освои на изборите. 

Нова ера во грчко- турските односи

Во надворешната политика, изминатата година Грција значително ги подобри односите со Турција, кои влегоа во нова ера по изборите во двете земји и новите мандати што ги добија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но од друга страна поради случајот со притворениот градоначалник на Химара Фреди Белерис, се влошија односите со Албанија.

Ставот на официјална Атина е дека Грција е столб на стабилност во поширокиот регион на Западен Балкан и Источниот Медитеран, промовира мир и просперитет и се стреми кон добри односи со сите соседи.

По неколкугодишните заладени односи, особено по тензиите во 2020 година, Атина и Анкара во втората половина на минатата година ги рестартираа реалциите и започнаа да градат нов однос. 

Веднаш по изборите во двете земји, турскиот претседател и грчкиот премиер се сретанаа на маргините на НАТО Самитот во Вилнус каде што ги договорија следните чекори во билатералните односи, односно политички консултациии економска соработка на ниво на замениците министри за надворешни работи, како и одржување на Високиот совет за соработка.

Меѓувладината седница, по пауза од седум години се одржа на 7 декемри во Атина, во присуство на Мицотакис и Ердоган, а беше потпишана и Декларација за пријателски и добрососедски односи , која меѓу другото ги вклучува: продолжувањето на комуникацијата преку политичкиот дијалог, позитивната агенда и мерките за градење доверба, избегнување дејства кои може да го загрозат миркот и стабилноста во регионот, решавање на разликите на мирен начин. 

Не станува за меѓународен договор обврзувачки за двете страни, но ги одредува следните чекори во грчко- турските односи, а волјата за задржување на позитивната клима, Мицотакис и Ердоган ја истакнаа и во изјавите по средбата.

Продолжување на комуникацијата преку политичкиот дијалог, позитивната агенда и мерките за градење доверба; избегнување на дејства кои може да го загрозат мирот и стабилноста во регионот; реша


Наспроти затоплените односи со Турција, случајот со притворениот градоначланик на Химара Фреди Белерис ги залади односите со Албанија, а Атина предупредува дека може да ја блокира интеграцијата на Тирана во Европската Унија. 

Од друга страна, Грција останува силен поддржувач на Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. 

Сања Ристовска

Остани поврзан