• сабота, 21 февруари 2026

Грушко: ЕУ и НАТО се подготвуваат за наводниот „неизбежен“ воен судир со Русија

Грушко: ЕУ и НАТО се подготвуваат за  наводниот „неизбежен“ воен судир со Русија

Москва, 30 јануари 2026 (МИА) - Главниот фокус на Европската Унија и НАТО е подготовка на општеството, економијата и инфраструктурата за наводно неизбежен воен судир со Русија, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.

Според него, за оваа намена се издвојуваат огромни ресурси, а стратешките документи на Западот стануваат сè понепријателски.

Грушко на прес-конференција истакна дека Русија веќе не се третира само како директна, туку како долгорочна закана во документите на НАТО и ЕУ.

- Информацискиот простор дополнително се потиснува, а прогонот се засилува не само против оние со алтернативни ставови, туку и против оние кои се осмелуваат да ја преиспитаат суштината на случувањата, заклучи Грушко, додавајќи дека Русија внимателно ги анализира сите овие чекори. ссм/

фото: архива

Остани поврзан