• петок, 05 декември 2025

Грузиската владејачката партија бара од суд да забрани три најголеми опозициски блока

Грузиската владејачката партија бара од суд да забрани три најголеми опозициски блока

Тбилиси, 28 октомври 2025 (МИА) – Претседателот на грузискиот парламент Шалва Папуашвили изјави дека владејачката партија побарала од Уставниот суд да забрани три најголеми опозициски партии во земјата, јавија денеска локалните медиуми.

Според Папуашвили, уставната тужба што ја подготви владејачката партија бара трите главни опозициски партии Националното движење, Коалицијата за промени и Силна Грузија – Лело да бидат прогласени за неуставни и да бидат забранети.

Покрај тоа, партијата Грузиски сон бара да бидат забранети и други политички партии тесно поврзани со главните опозициски партии, иако се формално регистрирани како независни, самостојни партии. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан