• недела, 22 декември 2024

Груби: Ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години

Груби: Ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Проект по проект, предизвик по предизвик, решенија за сите прашања од ова прогресивно, евро-американско, храбро и визионерско мнозинство. На долгогодишното чекање да отпочнеме да чекориме кон големото европско семејство денес му дојде крајот, вели првиот вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби по повод одобрувањето на Информацијата и предлог заклучоците во Собранието за почеток на преговорите со Европската Унија. - Денеска ставивме крај на предизвиците со кои се соочувавме последните години. Го изградивме вистинскиот пат како прогресивна сила за да му покажеме на западниот свет дека немаме друга алтернатива, освен Европската унија, а денес тоа го докажавме. Денеска ставивме крај и на надежите на регресивните проруски сили кои сакаа да ја дезориентираат земјата, вели Груби во писмената изјава. Граѓаните, вели Груби, денес му свртеа грб на протагонизмот за политички поени, не дозволија да потпаднат на измамата и националистичката пропаганда на една апсурдна конфузија, а преку своите избраници во домот на демократијата го кажаа нивниот збор дека ја сакаат Европска Македонија. - Ни претстои многу работа и одговорност, но со решителност, соработка, како и голема поддршка од земјите од ЕУ и САД ќе успееме заедно, подвлекува Груби во изјавата. сх/бак/

Остани поврзан