Груби и Грвала-Шварц договорија заедничка владина седница во септември
- Заедничка владина седница на Северна Македонија и на Република Косово да се одржи во првата половина во септември годинава, договорија на денешнната средба првиот вицепремиер и министер за по
![Груби и Грвала-Шварц договорија заедничка владина седница во септември](https://mia.mk/images/20221108002517_big_730x400_42.webp )
Скопје, 30 јули 2021 (МИА) - Заедничка владина седница на Северна Македонија и на Република Косово да се одржи во првата половина во септември годинава, договорија на денешнната средба првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби со Доника Гервала-Шварц, втор заменик премиер и министерка за надворешни работи и дијаспора на Република Косово.
Од Кабинетот на Груби информираат дека тие констатирале оти билатералните односи помеѓу двете земји се одлични и дека оваа добра соработка ќе продолжи и во иднина со реализација на заеднички проекти во различни области кои имаат за цел продлабочување на економската соработка.
Двајцата говорници, меѓу другото, како што се наведува во соопштението, дискутирале и за актуелната состојба во регионот, регионалната соработка, како и процесот на интеграција на државите од Западен Балкан во Европската унија.
- Алтернатива на Република Северна Македонија, но и на регионот останува Европската унија. Ние како земја сме направиле многу храбри чекори во политички аспект, ги спроведуваме реформите и очекуваме Европската Унија да ги цени тие достигнувања, и во меѓувреме работиме на подигнување на животниот стандард за граѓаните, истакнал Груби на средбата.фф/са/
![Груби - Грвала-Шварц1](/articles/images/grubi-i-grvala-shvarc-dogovori-a-zaednichka-vladina-sednica-vo-septemv/veeECsK0j/placeholder.webp?use_watermark=0)