Груби - Викерс: Приоритети се железничката пруга Скопје - Драч, Клиничкиот центар и целосна дигитализација
- Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се сретна со специјалниот пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Западен Балкан Мартин Викерс, придружуван од британскиот амбасадор Метју Лосон.
Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби се сретна со специјалниот пратеник за трговија на Обединетото Кралство за Западен Балкан Мартин Викерс, придружуван од британскиот амбасадор Метју Лосон.
Груби и Викерс разговараа за билатералните односи, економско-трговската соработка, Британската бизнис асоцијација и поддршката за регионалната стабилност и безбедност како и проектите што се реализираат вклучително и железничката пруга Скопје - Драч, Клиничкиот центар како и целосна дигитализација на Владата и владините служби.
-Односите меѓу двете држави беа оценети како стабилни, вклучително и економската и комерцијалната соработка, при што Груби истакна дека Обединетото Кралство е втор по големина инвеститор во земјата, додека Северна Македонија е првиот трговски партнер од Западен Балкан, соопштија од Министерството за политички систем.
Работата на британските компании во земјава е високо ценета, особено сега по формирањето на Британската бизнис асоцијација која ќе придонесе за привлекување на нови инвестиции со посебен акцент во областа на енергетиката и инфраструктурата.
Груби и Викерс разговараа и за политичките актуелности во земјата и регионот и се заблагодарија за континуираната поддршка во насока на зајакнување на демократските капацитети, одржување и зајакнување на регионалната стабилност и безбедност во рамките на НАТО и на патот кон членство во ЕУ. љм/са/
Фото: Министерство за политички систем