Гроси: МААЕ во моментов нема постојан претставник во Иран
- „Само обемот на инспекциските активности е намален. Им кажувам на инспекторите кога треба да извршат одредена мисија, по што се враќаат. Претходно, интензитетот на работата беше таков што постојано ќе видите четири, пет или десет вработени во МААЕ како се движат од локација до локација. Сега ситуацијата е поинаква“, рече Гроси во интервју за руски медиум.
Москва, 22 декември 2025 (МИА) - Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во моментов нема постојан инспектор во Иран, но тоа не значи дека МААЕ се повлекла од оваа земја, изјави денеска директорот на МААЕ, Рафаеле Гроси.
„Само обемот на инспекциските активности е намален. Им кажувам на инспекторите кога треба да извршат одредена мисија, по што се враќаат. Претходно, интензитетот на работата беше таков што постојано ќе видите четири, пет или десет вработени во МААЕ како се движат од локација до локација. Сега ситуацијата е поинаква“, рече Гроси во интервју за руски медиум.
На 20 ноември, Одборот на гувернери на МААЕ усвои резолуција со која се бара Иран итно да ја извести агенцијата за состојбата на неговите залихи збогатен ураниум и бомбардираните нуклеарни постројки.
Постојаниот претставник на Иран во меѓународните организации во Виена, Реза Наџафи, изјави дека Техеран ја смета новата резолуција на МААЕ за неконструктивна и политизирана.сд./
фото:МИА архива