• среда, 15 јануари 2025

Гроси и Зеленски разговараа за нуклеарната безбедноста на Украина

Гроси и Зеленски разговараа за нуклеарната безбедноста на Украина

Киев, 4 септември 2024 (МИА) – Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси вчера му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски помош за купување нуклеарна опрема од Бугарија.

- МААЕ ќе ѝ даде на Украина техничка поддршка и совети за нуклеарна безбедност во врска со нејзините планови за купување опрема за нуклеарната централа Хмелницки, наменета за суспендираниот проект за изградба на АЕЦ „Белене“ во Бугарија. Ова ќе и помогне на Украина да се осигури дека спроведувањето на овој проект ќе продолжи во согласност со безбедносните стандарди, се наведува во соопштението на МААЕ.

Предвидено е Украина да купи два нуклеарни реактори и друга опрема од руско производство.

Гроси и Зеленски разговараа и за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија. Предвидено е шефот на МААЕ, петти пат од почетокот на војната, да ја посети најголемата нуклеарна централа во Европа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан