ГРОМ:Ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки
- Во Карпош, граѓаните не се купуваат – тие се почитуваат. Карпош одамна ја надмина вашата „триесеткилна политика“. Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки, се вели во соопштението од ГРОМ, што МИА го објавува интегрално.
Скопје, 17 октомври 2025 (МИА) - Во Карпош, граѓаните не се купуваат – тие се почитуваат. Карпош одамна ја надмина вашата „триесеткилна политика“. Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки, се вели во соопштението од ГРОМ, што МИА го објавува интегрално.
Срамно и недозволиво! Денес, во населбата Злокуќани, сведочевме на слика која нè враќа триесет години наназад. Високи претставници на власта, наместо со идеи, визија и програма, на терен излегоа со вреќи брашно. Да, добро слушнавте – со брашно. Од гаражи и куќи се делат вреќи од по триесет килограми како предизборен поткуп.
Со тоа, власта и нивниот кандидат го покажаа вистинското лице на нивната „понуда“ за граѓаните на Карпош.
Кога нема резултати, кога нема дела – останува само брашното. Го прашувам премиерот: Дали ова е вашата програма за инженерите, професорите, лекарите, пензионерите, домаќините? Дали мислите дека достоинството на човекот вреди вреќа брашно? Во Карпош, граѓаните не се купуваат – тие се почитуваат. Карпош одамна ја надмина вашата „триесеткилна политика“. Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки.
Ова не е само срам – ова е навреда на здравиот разум и на достоинството на секој човек. Карпош е општина што мисли, што работи и што се бори со чесни средства.
Нема брашно што може да ја купи совеста на Карпошанец! Срамота е, господа, да ја враќате Македонија во 90-тите години.
Карпош одамна замина напред.
ГРОМ
Фото: ГРОМ