• петок, 22 ноември 2024

Грковска - Јеоп Сон: Координирано да работиме за надминување на поделбите по сите основи

Грковска - Јеоп Сон: Координирано да работиме за надминување на поделбите по сите основи

Скопје, 24 февруари 2023 (МИА) - Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, денеска оствари средба со регионалната директорка на Канцеларијата за координација на развојните агенции на Обединетите Нации, Гвин Јеоп - Сон и со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.Вицепремиерката Грковска се заблагодарила за поддршката што организацијата на Обединетите Нации и ја дава на Република Северна Македонија во изминатите 30 години, особено за клучни прашања од кои зависи развојот и напредокот на државата.На средбата се разговарало за потребата регионот на Западен Балкан заеднички и кординирано да работи на надминување на поделбите меѓу граѓаните по сите основи, како и на поголема вклученост на младите во креирањето на активни политики за справување со корупцијата и градење на ефикасен систем кој нуди шанси и можности врз основа на квалитетот и знаењето.

Вицепремиерката Грковска информирила дека нејзиниот Кабинет особено е фокусиран на работата со младите, кои како што подвлекла, заедно со жените се носители на промените.Регионалната директорка на Обединетите Нации, Јеоп Сон нагласила дека приоритетите на Северна Македонија за исполнување на критериумите за членство во Европската Унија се во директна синергија со целите за одржлив развој.

- На состанокот се отвори и прашањето за координиран пристап и спротивставување на говорот на омраза, прашање кое станува проблем речиси во сите земји на регионот, се наведува во соопштението од кабинетот на Грковска. цр/

фото: Кабинет на заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за политики за добро владеење

Остани поврзан