Грковска: Начинот на избор на ДКСК треба да биде пример за избор и на членови на други институции
- Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска беше во работна посета на Државната комисија за спречување на корупција, каде се сретна со претседателката Бил

Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) - Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска беше во работна посета на Државната комисија за спречување на корупција, каде се сретна со претседателката Билјана Ивановска и останатите членови на Комисијата.
На состанокот, како што информираат од нејзиниот Кабинет, се разговарало за досегашната примена на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и за предлозите за негова евентуална измена.
-Вицепремиерката Грковска оцени дека досегашната примена на Законот за спречување и судир на интереси покажа дека станува збор за добро законско решение, иако како и секоја регулатива со нејзината примена покажува во која насока треба да се подобрува, се наведува во соопштението.
Според Грковска, Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, кој е усвоен во 2019 година, нуди најтранспарентен начин на избор на членови на Комисијата и тој начин на избор треба да биде пример за избор на членови на другите институции.
Претседателката на ДКСК Ивановска информирала за предмети кои Комисијата успешно ги завршиле, а кои се однесуваат на судир на интереси.
На средбата станало збор и за конкретни прашања кои се предмет на интерес на Кабинетот на вицепремиерката Грковска и на ДКСК, но и за можностите за продлабочување на заедничката соработка. дма/цр