• среда, 26 јуни 2024

Гринвуд уапсен под обвинение за силување и тепање на поранешната девојка

Гринвуд уапсен под обвинение за силување и тепање на поранешната девојка
Манчестер, 30 јануари 2022 (МИА) - Полицијата денес го уапси напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд. Тој е осомничен дека ја претепал и силувал поранешна девојка. Претходно се дозна дека до разјаснување на околностите, клубот го суспендирал играчот од тренинзи и натпревари. Од клубот изјавија и дека не одобруваат ниту една форма на насилство. Полицијата на Манчестер ја потврди веста за апсењето. Фудбалерот ќе остане во притвор, ќе биде сослушан за овој случај. Полицијата поведе истрага за инцидентот, откако ги проучуваше изјавите на поранешната девојка на играчот. Претходно, поранешната девојка на играчот, моделот Хариет Робсон, го обвини Гринвуд дека ја тепал и силувал. Таа покажа докази за тепањето на социјалните мрежи. зс/

Остани поврзан