• среда, 24 јули 2024

Грилиш за обратната замена: Не ми пречи, најважно е тоа што стигнавме до финалето

Грилиш за обратната замена: Не ми пречи, најважно е тоа што стигнавме до финалето
Лондон, 8 јули 2021 (МИА) - Играчот за врска на Англија, Џек Грилиш одговори на прашањето за замената на натпреварот од полуфиналето на ЕВРО 2020 против Данска (2:1, по продолженија). Грилиш влезе на теренот од клупата за резерви во 69. минута наместо Букајо Сака, а беше заменет во 106. минута. Наместо него во игра влезе дефанзивецот Киран Трипие. - Не е важно. Не ми пречи. Стигнавме до финалето. Тоа е најбитно, рече Грилиш, одговарајќи на прашањето за неговата замена. Англија во финалето на 11 јули ќе игра со Италија. зс/

Остани поврзан