Двајца фудбалери на Болоња на „радарот“ на Наполи
- Италијанскиот фудбалски првак Наполи покажува голем интерес за двајца играчи на Болоња, јавија денеска локалните медиуми, наведувајќи дека станува збор за швајцарскиот крилен играч Дан Ндоје (24) и холандскиот централен бек Сем Беукем (26).
Неапол, 24 јуни 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски првак Наполи покажува голем интерес за двајца играчи на Болоња, јавија денеска локалните медиуми, наведувајќи дека станува збор за швајцарскиот крилен играч Дан Ндоје (24) и холандскиот централен бек Сем Беукем (26).
Според истите извори, клубовите веќе започнале преговори, а Болоња бара 70 милиони евра за швајцарско-холандскоит тандем. Медиумите наведуваат дека Болоња има намера да го продаде Ндоје за 40 милиони евра, а Беукем за 30 милиони евра.
Ндоје пристигна во Болоња во август 2023 година од Базел, а во текот на кариерата играше и за Лозана и Ница.
Холанѓанецот, пак, го носи дресот на Болоња од јули 2023 година, а претходно играше за АЗ и Го Ахед Иглс. ег
ФОТО: ЕПА