Гризман демантира дека има проблеми во Барселона
- Францускиот весник напиша дека стрелецот не се чувствувал добро во соблекувалната на Каталонците.
Барселона, 11 февруари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, ги негираше написите на угледниот медиум „Франс Фудбал“.
Францускиот весник напиша дека стрелецот не се чувствувал добро во соблекувалната на Каталонците.
- Тие ми завидуваат за освојувањето на Светското првенство, наводно кажал Гризман, според весникот.
Од околината на напаѓачот, сепак експлицитно негираат дека напаѓачот кажал вакви работи пред изданието или дури и во пријателски или семеен круг.