• понеделник, 23 декември 2024

Грета Тунберг нема да учествува на климатската конференција во Египет

Грета Тунберг нема да учествува на климатската конференција во Египет
Лондон, 31 октомври 2022 (МИА) - Шведската климатска активистка Грета Тунберг изјави дека нема да учествува на Конференцијата за клима на ОН (КОП27) наскоро во Египет поради неколку причини, вклучително и прашањето за почитување на човековите права. „Не одам на КОП27 од неколку причини... Просторот за граѓанското општество оваа година е крајно ограничен“, рече Тунберг во Лондон на затворањето на лондонскиот литературен фестивал каде се промовираше нејзината  книга „Големата книга за климата“. Претходно на Твитер ја изрази својата солидарност со „затворениците на совеста во Египет пред КОП27“, што започнува на 6 ноември во Шарм ел Шеик. Според неа, климатските конференции најмногу се користат како можност светските лидери да привлечат внимание за „зеленоперење“ - изнесување еколошки аргументи за да се создаде слика за одговорност кон екологијата во јавноста, додека фактите се различни во реалноста. „Конференциите такви какви што се навистина не функционираат“, вели најпознатиот светски еколошки активист. Активистката рече дека нејзините авторски права ќе бидат донирани на фондацијата што го носи нејзиното име, како и на различни еколошки добротворни организации. паг/  

Остани поврзан