Грета Тунберг депортирана од Израел по задржување на хуманитарен брод
- Шведската активистка Грета Тунберг денеска го напушти Израел откако беше задржана на бродот „Мадлин“, кој пренесуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Тел Авив, 10 јуни 2025 (МИА) - Шведската активистка Грета Тунберг денеска го напушти Израел откако беше задржана на бродот „Мадлин“, кој пренесуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Бродот беше пресретнат од израелските сили вчера во меѓународни води. Тунберг беше качена на лет за Франција, од каде ќе продолжи кон Шведска, се наведува во соопштението на израелското Mинистерство. ссм/
фото: архива