• петок, 21 февруари 2025

Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Уставниот суд да го заштити Уставот и да спречи дискриминација

Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: Уставниот суд да го заштити Уставот и да спречи дискриминација

Скопје, 18 февруари 2025

 


Уставниот суд утре ќе одлучува по иницијатива поднесена од група граѓани, главно
претставници на независни листи од последните локални избори во Македонија. Нашите
Драгана и Горјан се меѓу подносителите на иницијативата.
Со иницијативата бараме Уставниот суд да ги укине или да ги поништи измените на
Изборниот законик од март 2024 г. со кои драстично се зголеми потребниот број на
потписи за кандидирање на независните листи на избори, додека потребниот број на
потписници за политичка партија остана ист!
За Град Скопје со зголемувањето на прагот на 1% во рок од само 15 дена треба да се
соберат скоро 5.000 потписи, колку што на локалните избори во 2017 г. „тежел“ еден
советнички мандат.
Потенцираме дека суштинската препорака од Венецијанската комисија во согласност
со Кодексот за добри изборни практики е дека измените поврзани со прагот за
собирање на потписи за кандидатура не смее да бидат пречка за кандидирање на
граѓаните за јавни функции.
Истото го пишува и во член 23 од македонскиот Устав „секој граѓанин има право да
учествува во вршењето на јавни функции“.
Но, со измените на Изборниот законик од март минатата година ефективно се попречува
учеството на независни кандидати на избори што е крајно дискриминирачки и го
опструира политичкиот плурализам. Измените, како што е практика во Македонија за сите
политички партии на власт, беа донесени по скратена постапка и со целосна исклученост
на јавноста.
За споредба, за основање на една политичка партија и понатаму се доволни само 1.000
потписници, а рокот за собирање на овие потписи е цели 90 дена.

Со почит,

Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Фото: Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан