• четврток, 04 декември 2025

Границата меѓу Тајланд и Камбоџа е мирна по помали судири, вели тајландскиот премиер

Границата меѓу Тајланд и Камбоџа е мирна по помали судири, вели тајландскиот премиер

Бангкок, 29 јули 2025 (МИА) - Границата меѓу Тајланд и Камбоџа е мирна по помали судири меѓу армиите на двете земји по стапувањето во сила на прекин на огнот, изјави за новинарите вршителот на должноста премиер на Тајланд, Пумтам Вечајачаи.

Воените команданти од двете страни ќе се состанат на разговори во 10 часот наутро по локално време, рече тој, бидејќи соседите се стремат да го спроведат договорот за прекин на огнот објавен во Малезија.

Претходно, портпарол на тајландската армија изјави дека Камбоџа извршила напади на неколку локации со што го прекршила договорот за прекин на огнот, еден ден откако двата соседа изјавија дека ќе ги прекинат борбите од полноќ. Тајландските трупи одговорија пропорционално во самоодбрана, додаде генерал-мајор Винтаи Суваре во соопштението.

Портпарол на тајландската армија изјави дека вооружените сили на двете земји водат разговори. Средбата на воените команданти е закажана да започне во 10 часот наутро по локално време.

Јапонија го поздрави договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Камбоџа и Тајланд по неколкудневните судири во спорната погранична област, велејќи дека добрите односи меѓу двете земји се исклучително важни за стабилноста и развојот во регионот.

-Го поздравуваме непосредниот и безусловниот договор за прекин на огнот меѓу Камбоџа и Тајланд, изјави на прес-конференција главниот секретар на кабинетот, Јошимаса Хајаши.

Тој, исто така, вети дека Токио ќе соработува со други земји за да ги поддржи напорите за намалување на тензиите. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан