• петок, 15 ноември 2024

Граматковски: Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави

Граматковски: Стрежево ја спаси Пелагонија од поплави

Битола, 19 јуни 2023 (МИА) - Акумулацијата Стрежево, која ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор, ја спаси Пелагонија од поплави, изјави генералниот директор на ЈП Хидросистем Стрежево, Методија Граматковски.

Акумулацијата Стрежево бележи зголемен доток изминатите денови како последица на интензивните врнежи од дожд, но од истоименото јавно претпријатие се подготвени за новоностаната ситуација.

-Подготвени сме за вакви ситуации, имаме акумулационен простор за надојдените води и имаме технички можности за директна регулација на водостојот на акумулацијата со цел спречување на штетни дејствија кои можат да се појават како последица од врнежите. Сите реки од сливното подрачје редовно се мониторираат, го следиме дотокот на дневна основа и можеме да констатираме дека и покрај зголемениот водостој на сите реки, состојбата е стабилна без никаква опасност за излевање од речните корита, истакна Граматковски.

ЈП Стрежево ќе продолжи постојано да врши редовен мониторинг на квантитетот на водите од припадните води на сливното подрачје, а претпријатието е подготвено да се справи со предизвиците поврзани со надојдените води како последица на интензивните дождови. мт/дма/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан