Град Скопје ја пренесува фб-објавата на градоначалничката Арсовска
- СООПШТЕНИЕ:
Скопје, 12 јули 2025
Почитувани,
По вчерашните настани поврзани со нападот врз градоначалнилката и вработените од град Скопје, МВР доказниот материјал прибавен службено кој наместо да го достават до Јавното обвинителство го лиферуваа по медиуми. Доказниот материјал кој единствено е во посед на МВР го сечеле, лепеле и монтирале со цел да прикажат дека градоначалничката на град Скопје нападнала и тепала командант на ОВК, а го објави по најава на министерот Тошковски, пратеничка на ВЛЕН во Собранието на Република Македонија.
Фактот дека доказите од настанот се лиферувани во јавност од единицата ЕУМНА при МВР, кои единствени ги имале во постапката добиено како доказ од градоначалничката укажува дека МВР е претворено во партиски штаб на ВЛЕН и ВМРО, за што ќе бидат поднесени и соодветни пријави.
Утрово градоначалничката Арсовска со своја објава се обрати на социјалните мрежи
https://www.facebook.com/share/p/16igQjZnei/?mibextid=WC7FNe
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива