• четврток, 26 март 2026

Град Скопје: Наместо во истрага, институциите учествуваат во криминал

Град Скопје: Наместо во истрага, институциите учествуваат во криминал

28 мај 2025

Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат КРИМИНАЛ.

Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издадале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме. 

Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР.

Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да “филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.

Досега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да УНИШТУВААТ ДОКАЗИ!!! 

Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност.

https://www.facebook.com/share/p/19WnDaf8XX/

 

Одделение за односи со јавност

Град Скопје 

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан