Град Скопје: Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата
- СООПШТЕНИЕ - Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата. Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати.

Скопје, 16 септември 2024
Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата.
Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати.
Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија.
Со ова, во целост ја демантираме информацијата на овој синдикат.
Град Скопје
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива