• петок, 22 ноември 2024

Град Скопје в понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди, аплицирањето ќе биде онлајн

Град Скопје в понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди, аплицирањето ќе биде онлајн
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година ќе биде објавен во понеделник, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн, информира Градот Скопје. -На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје од општините Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај, кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка, информираат од Градот. Согласно условите од јавниот повик за да добијат субвенции за инвертери граѓаните ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари. -На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење  без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери, појаснуваат од Градот. Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена во понеделник на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата  www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана во понеделник. Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.вј/

Остани поврзан